10 Tetor, 2013

Седумдесет и пет болнички кревети и наткасни од Црвениот крст на Австрија за ЈЗУ (10.10.2013, ТВ Сител)

Седумдесет и пет болнички кревети и наткасни кои се донација од Црвениот крст на Австрија ќе бидат распределени во јавните здравствени установи во Скопје и во другите градови.

– Тука сме да ја предадеме опремата и се надевам дека сето тоа ќе биде од корист и ќе биде во насока на тоа што Министерството за здравство го работи во смисла на дополнително опременување и осовременување на јавниот здравствен систем, да се подигне квалитетот на услугите и да придонесеме во тие заеднички напори да создадеме подобри услови и претпоставки за работа во нашиот јавен здравствен систем, изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити на денешното примопредавање на креветите и наткасните во дворот на Црвениот крст.

Тој ја нагласи успешната соработка што ја има Австрискиот црвен крст со Црвениот крст на Република Македонија.

– Соработката со нив е плодна не само на ова поле, туку и во тоа што значи поддршка на проекти поврзани со подобрување на животот на старите лица, со едукација и обука во делот на вода и санитација и дополнителна опрема која нас во Црвениот крст ни е од корист во спроведување на нашите секојдневни активности, додаде Саити.

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски се заблагодари на Црвениот крст на Австрија и на Црвениот крст на Република Македонија за долгогодишната соработка, изразувајќи надеж дека таа ќе продолжи.

– Сакам да укажам на фактот дека Министерството за здравство секогаш ќе ги поддржува овие акции затоа што една од основните цели на Министерството е да се подобрат условите за пациентите за подобро лекување од една страна, а од друга страна да се подобрат условите за работа на здравствените работници, додаде Андовски.

< kthehu mbrapa