Red Cross ShapeKryqi i Kuq i Republikës së Maqedonisë së Veriut
Учество во проектот „Се грижиме за топол дом“

2013-09-18

Учество во проектот „Се грижиме за топол дом“

topol-domОпштинската организација на Црвен крст Прилеп активно ги следи потребите и проблемите на ранливото население и претставува сериозен партнер за соработка на останатите институции на системот кои работат на полето на социјалните проблеми на населението. Црвен крст Прилеп соработува со Меѓуопштинскиот центар за социјални грижи (МЦСР) – Прилеп и е во постојана координација за помош на терен.

Петчленото семејство Петровски од долненското село Вранче со години живее во субстандардни услови, во кое дури две од децата се со сериозни пречки во психо -физичкиот развој. Дванаесетгодишниот Ивица, не може ниту да оди, ниту да зборува, 17-годишниот Даниел, исто така има пречки во психичкиот развој, додека најмалиот Горан е второ одделение, но не посетува училиште бидејќи нема школски прибор.

На 09.09.2013 година во склоп на проектот на Министерството за труд и социјална политика „Се грижиме за топол дом“ се изврши донација на ова семејство при што Црвен крст Прилеп донираше облека, храна и хигиенски пакет заедно со  Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов,  градоначалникот на Долнени, Боше Милошески и службите од МЦСР – Прилеп кои донираа инвалидска количка, храна, облека, школски прибор и пари.

Таткото Златко и мајката Јасмина, задоволни од укажаната грижа на надлежните, велат дека сега, колку-толку полесно ќе се справуваат со сиромаштијата и со болестите на нивните деца.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Kryqi i Kuq i Republikë së Maqedonisë ©. All rights reserved.2024