Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
AПЕЛ ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА ПЕТРИЊА И СИСАК

2020-12-30

AПЕЛ ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА ПЕТРИЊА И СИСАК

Со големo жалeње ја слушнавме веста за катастрофалниот земјотрес кој ја погоди областа на Петриња и Сисак во Република Хрватска на 29 декември, 2020 година. Искрено сочувствуваме со семејствата на загинатите и повредени граѓани на Република Хрватска. По случувањето на земјотресот, Црвениот крст на Република Северна Македонија упати телеграма со сочувство и оствари контакт со Хрватскиот Црвен крст околу проценка на состојбите и обезбедување на хуманитарна помош за погоденото население од катастрофата. Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата како и финансиска помош за погоденото население.

Со цел да обезбедиме солидарна поддршка на граѓаните и компаниите на Република Северна Македонија за погоденото население од земјотресот во Република Хрватска, Црвениот крст на РСМ објавува Апел за мобилизирање на финансиска помош за настраданото население. Хуманитарната акција ќе трае до крајот на месец јануари 2021 година.

Средства може да се донираат на телефонските броеви за донации. Со еден повик на телефонските броеви донирате 100 денари за хуманитарна помош на настраданото население во Р. Хрватска:

За корисниците на Македонски Телеком 070 143 400

За корисниците на А1 Македонија 075 143 400

Заинтересираните лица, компании и институции може да донираат финансиски средства преку жиро сметката на Фондот за Солидарност на Црвен крст на РСМ:

Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Жиро сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална Банка

Граѓани од други земји може да донираат на:

Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia

Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje

Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, North Macedonia

Bank account: 300000000000133 25730522-11

Swift code: KOBSMK2X

Iban code: MK07300701000001228

 

Ја очекуваме вашата поддршка.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025