Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Црвениот крст на Република Македонија денеска 19.05.2014 испрати конвој камиони со 100 тони хуманитарна помош

2014-05-20

Црвениот крст на Република Македонија денеска 19.05.2014 испрати конвој камиони со 100 тони хуманитарна помош

Црвениот крст на Република Македонија денеска 19.05.2014 испрати конвој камиони со 100 тони хуманитарна помош што ја донираа македонските граѓани за настраданото население од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Хуманитарната помош испратена денеска со пет камиони е наменета за Србија, а утре од магацинот во Момин поток ќе тргне и помошта за настраданото население во Босна и Херцеговина. Во четврток или петок се планира испраќање на уште два камиона хуманитарна помош за БиХ,  дополнителна помош ќе биде испратена и за Србија. Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити изјави дека акцијата за собирање хуманитарна помош ќе продолжи и во наредните денови, но како што рече со намалено темпо и потесен круг на намирници и производи. – Според проценките на тамошните организации на Црвениот крст, најмногу е потребна вода, конзервирана храна, средства за хигиена. Апелираме сега за сега да не се собира друг вид помош, истакна Саити. Информира дека вредноста на денешната хуманитарна пратка е околу 45 илјади евра. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески им се заблагодари на хуманоста и помошта на граѓаните, граѓанските организации и на Црвениот крст, без кои, како што рече, не би можело да се реализира оваа помош. – Превозот е организиран, информирана е Царинската управа која е координирана и со Министерството за внатрешни работи. Очекуваме кон крајот на денешниот ден конвојот со хуманитарна помош да пристигне во Србија, изјави Јанакиески. Хуманитарната помош е обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст. Логистичка  поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на Република Мкаедонија и Макамтранс. Во текот на акцијата се собрани 240 тони хуманитарна помош, а преку отворените телефони за донации до вчера попладне биле донирани околу 3.700 000 денари. Црвениот крст на РМ  упатува апел до сите заинтересирани кои и понатаму сакаат да донираат преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, на телефоните : 075/070/077 143 400 за донација од 100 денари. Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст во Момин Поток од 8.00 до 18.00 часот, како и Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ од 8.00 до 17.00 часот.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025