Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Тренинг за логистика, брза проценка и дистрибуција на хуманитарна помош с.Богомила, Велес 01.06.2017 – 02.06.2017 година

2017-06-07

Тренинг за логистика, брза проценка и дистрибуција на хуманитарна помош с.Богомила, Велес 01.06.2017 – 02.06.2017 година

Во периодот од 01.06.2017 – 02.06.2017 година Црвен крст на Република Македонија во соработка со ООЦК Велес а поддржано од страна на Ротари Клуб Велес организира работилница логистика, проценка и дистрибуција на хуманитарна помош за потребите на тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес во с.Богомила, Велес.

Главна цел на тренингот беше подигнување на капацитетите на волонтерите од тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес како и подигнување на ефикасноста во одговорот во случај на катастрофи со посебен акцент на логистиката, проценката и дистрибуцијата на хуманитарна помош.

На работилница учествуваа 18 учесници и тренери на Црвен крст на РМ и ООЦК Велес. Во текот на дводневната обука се разработуваа содржини од логистика, проценка и дистрибуција на хуманитарна помош. Преку размена на досегашни искуства и практични примери тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес се запозна со темите и нивната важност и практична примена. Вториот ден од работилницата беше искористен за тренинг вежба за проценка и изработка на дистрибутивен план на претходно дадени сценарија за селата Нежилово и Ореше. Членовите на тимот успешно ја завршија вежбата и го применија стекнатото знаење.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025