Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Доделување на благодарници во знак на благодарност

2021-06-21

Доделување на благодарници во знак на благодарност

Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството, се приклучи кон глобалната кампања за промоција на крводарителството под мотото „Дарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи“.

Црвениот крст на РСМ заедно и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, денес им доделија благодарници на Министерството за здравство, Министерството  за внатрешни работи и Министерството за одбрана на РСМ во знак на благодарност за досеганата соработка на полето на крводарителството. Благодарници добија и министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска за личен пример, поддршка, поттикнување и соработка.

Воведно обраќање имаше и Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија Саит Саити каде истакна дека пристапот до безбедна крв за сите оние кои имаат потреба, и понатаму останува највисок императив на земјите во светот, па и кај нас. Во текот на пандемијата со Ковид-19 и покрај ограничената мобилност и другите предизвици кои таа ги донесе со себе, дарителите на крв продолжија да даруваат крв и плазма за пациенти на кои им е потребна трансфузија.  Овој извонреден напор за време на пандемија, ја нагласува клучната улога на добро организираните, посветени, доброволни и неплатени дарители во процесот на снабдување со крв во тековни и вонредни околности.

На самиот настан преку ЗООМ платформата директно се јавија од Дневниот центар за дарување крв каде даруваа крв припадниците од АРМ и од Институтот за трансфузиона медицина каде даруваа крв припадниците од МВР.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025