јуни 3, 2024

Дожд од сонциња во ПХВ програма

Од 21 мај до 02 јуни, во центарот Солферино, Струга се одржа ПХВ подготвителната работилница. 18 инструктори, искусни и долгогодишни волонтери дадоа придонес во прегледување и евалуирање на 169 мали ПХВ проекти изработени од страна на 1.200 младинци. Проектите беа изработувани во перидот март-мај  2024 година.

Од вкупниот број на проекти, 39 проекти се оценети со сонце, а тоа се проекти кои навистина дадоа голем придонес на заедницата, односно долгорочно смениле нечиј живот.

Сите проект се инспирација и гордост на нашата младина! Тие уште еднаш покажаа дека се амбасадори на хуманоста!

< врати се назад