Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија

2024-12-31

Почитувани,

 

Додека ја испраќаме старата година, со гордост се осврнуваме на сето она што сме го постигнале заедно. Сите совладени предизвици, надминати потешкотии, секој успех што сме го прославиле, ни покажаа дека силата на заедништвото, трудот и посветеноста е непроценлива.

Новата година носи нови надежи, нови можности и нови очекувања. Тоа е време кога си посакуваме да бидеме подобри – за себе, за нашите семејства, за нашите пријатели и за заедницата во која живееме и работиме.

Во овој дух, сакам да Ви посакам Среќни празници. Нека Новата година Ви донесе здравје, радост и благосостојба. Нека биде исполнета со успеси, лични и професионални, и нека секој ден биде нова можност за раст и напредок.

Со верба во нашата заедничка иднина, Ви се заблагодарувам за поддршката, довербата и соработката во изминатата година. Очекувам уште многу заеднички моменти на успех и радост во годината што доаѓа.

Среќни Празници!

 

Со почит,

д-р Саит Саити

Генерален секретар на Црениот крст на РСМ

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025