Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!

2022-08-25

ГО ПРОШИРУВАМЕ НАШИОТ ТИМ!

Сакате да работите во пријатна атмосфера, мотивирани и постојано со можност за напредок во кариерата? Искористете ги можностите кои Ви ги нудиме и станете дел од нашиот успешен тим.

Доколку сметате дека сте подготвени за комуникативна и креативна работа продолжете да читате.

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи,  го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Канцеларијата на Црвениот крст на Република Северна Македонија има стручна служба која брои вкупно 25 вработени кои работат на обезбедување на поддршка, координација и мониторинг на работата на општинските организации.

Назив на работното место: Асистент за административно правни работи во Црвен крст на РСМ

Позицијата подразбира вработување на определено време со 40 часа неделно.

Работно време: Понеделник до Петок : 08.00 до 16.00 часот.


Локација
: Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје  

Потребни квалификации:

Образование : Завршено високо образование од областа на општествените науки (правни, политички студии, социјални студии, јавна администрација). Јазик: Течно говорење и пишување на Англиски јазик.

Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи Microsoft Teams, Zoom.

Предност имаат кандидатите со завршен правен факултет и со минимум две година работно искуство во област на административно и канцелариско работење – офис менаџмент.

Други професионални квалификации, способности и вештини:

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Организациски и аналитички способности
  • Способност за презентација и адаптација на работните услови
  • Критичко размислување
  • Тимски работник
  • Мотивиран за работа
  • Иновативен и креативен
  • Способност за добро менаџирање со време, луѓе и рокови
  • Познавање на развојните стратегии и политики во областа
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

Опис на работното место:

            Работни должности:

  • Го организира и врши канцелариското работење;
  • го врши архивското работење согласно законските прописи од оваа област вклучувајќи: архивирање на сите предмети според планот на архивските знаци и листите на категории за чување на архивската граѓа и на документарниот материјал и ги следи прописите кои се однесуваат на оваа област
  • се грижи за собирање, средување и обработување на архивски материјали како и негово безбедно чување на архивскиот материјал
  • издава реверси за земени предмети од архива;
  • води грижа за заштита и доверливоста на лични и други податоци на ниво на централната канцеларија;
  • ги следи прописите кои се однесуваат на административното работење и подготвува интерни акти
  • подготвува писма и дописи од својата област на работа;
  • подготвува договори за набавки и учествува во подготовка на документација за набавка;
  • се грижи за доследна примена на интерни акти за набавки и ја советува комисијата за набавки за нивна правилна примена
  • води грижа и евиденција за движен и недвижен имот на организацијата;
  • ги советува и дава поддршка на општинските организации и ЦКГС поврзано со имотно-правните прашања;
  • ја застапува организацијата пред Управните и Судските органи со овластување на Генералниот Секретар;
  • ги следи и се грижи за правилна примена на законите и подзаконските акти од областа на човечките ресурси кои се однесуваат на селекцијата, вработувањето и мобилноста во стручната служба на НД
  • ги подготвува сите видови на акти и документи кои се однесуваат на селектирањето и вработувањето преку јавен и интерен оглас
  • подготвува мислење за секретарите на ООЦК и ЦКГС
  • подготвува дневни, неделни, месечни и годишни планови за работа и реализираните активности

 

Почетна нето плата:  28.000,00 денари

Инструкции како да се аплицирате :

Заинтересираните кандидати на мејл адресите stolevska@redcross.org.mk   и alkhalili@redcross.org.mk потребно е да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија
  • Универзитетска диплома за завршено образование
  • Кратко мотивациско писмо, со наведени минимум две професионални референци

 

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Огласот трае до  01.09.2022  година.

Ве очекуваме.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025