Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Oдржана работилница за безбеднсост и сигурност на волонтери

2024-12-16

Oдржана работилница за безбеднсост и сигурност на волонтери

Во периодот 12-13.12.2024 година во хотел Солферино во Струга, 33 претставници на стручната служба на Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ и Општинските организации на Црвен крст одржаа работилница за безбедност на волонтери во рамките на активностите од Итниот апел за Украина поддржан од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Низ пленарни дискусии, работа во групи и индивидуални излагања на стручни соработници детално се разработуваа темите: Важност за одржување на безбедност и сигурност на волонтери во Црвениот крст на РСМ, Типови на ризици по безбедност на волонтери, Правни предизвици и препораки во областа на безбедноста и сигурноста на волонтерите, Анализа на ситуации со нарушена безбедност на волонтери и одговор, Безбедноста на волонтерите и употребата на социјалните медиуми, Претставување на политики, механизам за одговор и обрасци за документирање на случаеви за нарушена безбедност на волонтери, и насоки за промовирање на политики за безбедност во ООЦК/ЦКГС.

Во текот на вториот ден се работеше на темата: Заштита на интегритетот на националното друштво. Акцентот беше ставен на освежување на знаењата за политиките за превенција на сексуална експлоатација и злоупотреба, сексуално вознемирување на работно место, заштита на деца и заштита на укажувачи. Посебно внимание се посвети на промовирање на Систем за пријавување на сексуално вознемирување, сексуална експлоатација и злоупотреба преку онлајн платформата на МФЦК и меил адресата integritet@redcross.org.mk

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025