Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Хуманитарна помош 07.02.2015

2015-02-07

Хуманитарна помош 07.02.2015

DSC_0053 Во текот на денешниот ден Црвен крст на Република Македонија изврши дистрибуција на хумаитарна помош во: • Битола, 300 пакети со прехрамбени продукти, 300 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 800 ќебиња. • Прилеп, 50 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња. • Штип, 50 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 80 ќебиња. • Кочани, 25 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња. • Струмица, 25 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња. Излевањето на Зајашка река во Кичево загрози околу 70 семејства кои беа евакуирани вчера доцна попладне. Црвениот крст на Република Македонија веднаш по направената проценка за потребите на настраданото население, достави помош: 70 пакети со прехрамбени продукти, 70 пакети со средства за хигиена, 150 ќебиња и вода за пиење. Поплавеното подрачје во Кичево го посети Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити. Поради излевање на каналите во населбата Бањешница – Гостивар поплавени се 30 семејства на кои им е доставена хуманитарна помош: 30 пакети со прехрамбени продукти, 30 пакети со средства за хигиена и 60 ќебиња. Преку мобилните телефони од T-mobile, One, VIP 070/075/077 143 400 заклучно со 07.02.2015 година обезбедени се вкупно 4.683.500 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 741,987 денари.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025