Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПОМОШ НА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА  ВО МАКЕДОНИЈА

2015-02-04

ПОМОШ НА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО МАКЕДОНИЈА

pomos_press

Црвен крст на Република Македонија на 04.02.2015 година во 12:30 часот во просториите на Црвениот крст на Република Македонија организираше прес конференција по повот поплавените подрачја во Република Македонија.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на денешната конференција за медиумите информираа за состојбите во поплавените подрачја во Република Македонија и потребите на населението во овие подрачја.
 

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Владата на Република Македонија и повеќе државни институции веќе спроведуваат низа активности коишто се насочени за координирана и поголема поддршка на погодените граѓани во регионите во Република Македонија коишто се оштетени од поплавите.
 

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов ги повикаат сите граѓани на Република Македонија, сите приватни компании и приватни бизнисмени и стопанственици, македонската дијаспора и пријателите на Република Македонија надвор од нашата држава да се вклучат во овие хумани процеси.
 

Во текот на вчерашниот ден се отворија и телефонски броеви за донации коишто се ставени на располагање и ги повикуваме сите да дадат свој придонес во оваа акција и во акциите коишто ќе следуваат со цел да ги обезбедиме финансиските средства коишто ќе бидат потребни за следната фаза, односно по повлекувањето на водата, по поплавите, да се искористат наменски за потребите на оние коишто се погодени и за домаќинствата коишто се во ризик како резултат на самите поплави.
 

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити даде преглед на дистрибуираната хуманитарна помош за 612 семејства со 197 пакети храна, 217 пакети хигиена, 801 ќебиња, 14.5 тони вода, 80 душеци и 36.25 диезентал. А донација преку мобилни телефони 070/075/077 143 400 за неполни 24 часа се собрани 619 000 денари а на сметка Фонд на солидарност 6300 –денари.
 

Црвениот крст на РМ упатува голема благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување на конкретна материјална помош.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош преку телефонските броеви коишто се ставени на располагање на ONE, T-mobile, и VIP и тоа: 075/ 070/077/143-400

Донација на средства во денари: СМЕТКА
Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија
жиро сметка: 300000001327966
даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка
 

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025