Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
„Превенција од трговија со луѓе“

2015-01-27

„Превенција од трговија со луѓе“

prevencija_trgovija_so_luge

Црвениот крст на Република Македонија како сериозен партнер на државата во реализација на превентивните активности за борба против трговија со луѓе обезбеди проектна поддршка  од Владата на Република Македонија за надградба на капацитетите на националното друштво и подигање на свеста на младата популација за заштита од трговијата со луѓе.

Црвениот крст на РМ  во рамките на Проектот: ,,Превенција од трговија со луѓе,, на 23 јануари 2015 година во Кочани, одржа инструктивна работилница со секретарите и координаторите на овој проект  кој ќе се имплементира преку општинските организации на Црвен крст Кочани, Валандово и Делчево. Целта на работилницата беше да се претстават проектните содржини кои согласно планот за акција ќе се имплементираат заклучно со јуни 2015 година, како и беа презентирани позитивни  практики од досегашни имплементирани превентивни активности.

За зајакнување на капацитетите на младите волонтери на Црвениот крст предвидени се две обуки за врсничка едукација и Форум театар, кои пак стекнатите знаења, преку превентивни лекции ќе ги пренест на нивни врсници во основни и средни училишта во Кочани, Валандово и Делчево со цел  подигање на свеста на младите за заштита од трговијата со луѓе.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025