Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Регионален состанок на координаторите за менаџмент со катастрофи и одговорните лица за логистика на НД на Црвен крст

2024-12-18

Регионален состанок на координаторите за менаџмент со катастрофи и одговорните лица за логистика на НД на Црвен крст

Во периодот од 10-13 декември 2024 година, во Загреб, Хрватска, се одржа регионален состанок на координаторите за менаџмент со катастрофи и одговорните лица за логистика на Националните друштва на Црвен крст. Состанокот беше организиран од Црвен крст на Хрватска и Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, со учество на Црвен крст на Албанија, Србија, Црна Гора, Република Северна Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, БиХ и Словенија.

Учесниците имаа можност да го посетат Оперативниот центар за подготвеност и одговор при катастрофи на Хрватскиот Црвен крст и да се запознаат со капацитетите и структурната поставеност на националното друштво за подготвеност и одговор при катастрофи.

На состанокот беа дадени предлози за дополнување и измени на регионалниот софтвер на веб апликацијата Х-сток, како и беше направена обука на новите Национални друштва (НД) кои се приклучија за нејзиното користење. Од страна на координаторите за менаџмент со катастрофи, беа презентирани реализираните активности за 2024 година, фокусирајќи се на позитивните и негативните аспекти на имплементираните проекти. Претставникот на ЦКРСМ го презентираше искуството со справување на пожарите во Северна Македонија, со акцент на соработката со владините институции и Меѓународната федерација.

Координаторот за менаџмент со катастрофи од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина ги презентираше плановите за 2025 година. Тој исткана дека Меѓународната федерација обезбеди стокови резерви во хигиенски пакети, кои се сместени во магацинот на Црвен крст на Хрватска и Црвен крст на Србија  и истите се  достапни   за националните друштва на Црвениот крст од регионот,  преку апликацијата Х-сток.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025