Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“

2023-10-19

Симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“

Со симулација на прва помош при итна ситуација – земјотрес, Црвениот крст на РСМ на 18.10.2023 кај Градски Парк во Скопје ја одржа вежбата „Хуманитарен одговор 2023“.

Целта на вежбата беше да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Северна Македонија.

Покровител на настанот беше Претседателот на РСМ Стево Пендаровски кој во обраќањето на настанот истакна дека ова вежба ги покажа сите позитивни страни од партнерството меѓу државните институции и граѓанските организации, како и интерсекторската поврзаност и меѓуинституционалната соработка. Тој нагласи дека е нужно да работиме и да придонесуваме за подготвеноста на институциите и граѓанските организации како Црвен крст, за да имаме брз и адекватен одговор во итни и кризни ситуации.

Пред присутните се обрати и Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, кој посочи дека кризите и катастрофите кои се дел од нашето секојдневие, во регионот и пошироко, наложуваат постојана инвестиција во градење на одржливи капацитети за подготвеност. Земјотресите, пожарите, поплавите, епидемиите, миграциите, бегалците, како и другите хуманитарни предизвици ни наложуваат постојано да инвестираме во она што го можеме и го правиме најдобро, со цел да додадеме заеднички придонес во градење на одржливи капацитети за подготвеност, ефективен одговор и опоравување од катастрофи со примарна цел да обезбедиме поддршка за погоденото население при катастрофи или хуманитарни кризи, рече тој. Она што најмногу го радува, како што истакна, е дека успеавме да покажеме дека сите ние може да си обезбедуваме комплементарна поддршка која директно или индиректно може да има позитивни влијанија врз добросостојбата на луѓето, особено при случување на поголеми катастрофи.

Учесници на вежбата беа Црвениот крст на РСМ, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на РСМ, Итна медицинска помош – тријажен центар и укажување на прва помош, Министерство за труд и социјална политика, Македонска радио телевизија, Противпожарната територијална единица, Комора на психолози, Агенција за храна и ветерина. За потребите на вежбата дел од институциите ќе ја користат Радио Аматерската Мрежа за Опасност-РМЗО која е обезбедена од Радио Аматерската Асоцијација на Северна Македонија – РАСМ

Покрај нив, учесници се и општински организации на Црвениот крст, Тимови на Национални друштва на Црвен крст од регионот (Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Германија), претставници од универзитетите во Северна Македонија (УКИМ, УГД, УКЛО), независни експерти од областа и различни тела од Системот за управување со кризи (СУК), на локално и регионално рамниште. 

На крај Генералниот секретар Саити, во знак на благодарност му го додели највисокото признание Медал на Црвен крст на Претседателот на РСМ Стево Пендаровски.

Исто така благодарници за соработката и поддршката при организацијата и учеството во спроведувањето на вежбата „Хуманитарен Одговор 2023“ добија и Владата на РСМ, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Армија на РСМ, Министерство за надворешни работи, Министерство за труд и социјална политика , Министерство за здравство, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Град Скопје, Македонска Радио Телевизија,  Биро за јавна безбедност.

 

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025