Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на 5-от Самит на менувачи на светот

2024-11-27

Учество на 5-от Самит на менувачи на светот

Самитот за етика и иновации на Менувачи на светот се одржа во Папскиот Универзитет во Ватикан на 26ти ноември 2024 година на кој учество земаа повеќе од 70 лидери од различни организации, компании и  институции во светот. Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити учествуваше на панел дискусија на тема Етика, вера и социјална визија, двигатели на еволуцијата и развојот, каде ги истакна специфичните вредности кои Црвениот крст ги промовира во секојдневната работа и постојаното придржување кон етичките норми ви општеството.  Самит претставува исклучителна можност за поврзување на хуманитарната работа со актуелните трендови во развојот на технологијата и социјалната визија која ја негуваат организациите од различна природа на дејствување. На настанот беше доделено и признание Златен знак на Црвениот крст на Michael Shanly основач и Претседател на Shanly Group, организација чии донации овозможија поддршка и изградба на живеалишта на илјадници ранливи лица. Во рамките на дискусиите со организаторите на настанот “Институтот за напредни студии и соработка” се разговараше и за можноста да Црвениот крст на РСМ биде домаќин на следниот Самит во 2025 година како дел од програмата за одбележување на 80 годишнината од основањето на националното друштво.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025