Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Заедничка хуманитарна акција со Стопанска банка АД Скопје

2014-12-30

Заедничка хуманитарна акција со Стопанска банка АД Скопје

[responsive]ckrm_29122014[/responsive]

Во пресрет на Новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, на денот на формирањето на Банката, 29ти декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во 7 општини во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Кочани, Гевгелија, Струга. Со оваа донација, Банката во годината кога одбележува 70 години од своето постоење, ја продолжува својата стратегија да биде во континуитет поврзана со заедницата во која работи, потврдувајќи ја својата општествено одговорна улога. Донацијата се состои од најнеопходни производи потребни за егзистенција на едно семејство, одбрани во координација со Црвениот крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани преку Црвен крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст во соработка со вработените на филијалите на банката во општините во Македонија, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови. Стопанска банка АД – Скопје како финансиска институција со инкорпорирана корпоративна општествена одговорност во своето работење, континуирано вложува во локалната заедница, придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, пријателство и соживот. Како банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која стои зад најголемите инфраструктурни и индустриски проекти, и која е во тесна соработка со секое семејство во Македонија, Стопанска банка АД – Скопје и понатаму ќе продолжи да биде поврзана со заедницата во која работи, афирмирајќи го своето мото „на ваша страна“ не само формално, туку и суштински.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025