Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Црвен крст на Република Македонија додели „Златен медал“ и „Златен поддржувач“

2013-05-25

Црвен крст на Република Македонија додели „Златен медал“ и „Златен поддржувач“

На 5-ти декември 2012 година Црвен крст на Република Македонија на ЕВН Македонија АД и Комерцијалана Банка АД им додели признанија „Златен медал“ и „Златен поддржувач“ во знак на благодарност на двете компании за нивната исклучителна соработка и поддршка во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст на РМ, како компании кои го практикуваат општественото одговорно работење како составен дел од вкупната деловна политика на компаниите.

Изразуваме голема благодарност на г-дин Хенгст Вернер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија и г-дин Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје,  кои со нивниот сопствен придонес во остварување на хуманитарни цели ја потврдија личната социјална одговорност во рамки на општествената одговорност на компаниите.

На настанот беа присутни претседателот на Црвениот крст на РМ г-дин Милчо Трајков, Генералниот секретар на Црвен крст на РМ г-дин Саит Саити, г-дин Ваљон Сарачини – Министер за Економија на Р. Македонија, г-дин Dr. Thomas Michael Baier – Амбасадор на Република Австрија и добитниците на наградите Verner Hengst и Маја Стрвкова Штериева.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025