Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Црвениот крст на Република Македонија додели признанија ˝Златен медал˝ и ˝Бронзен поддржувач˝

2013-12-12

Црвениот крст на Република Македонија додели признанија ˝Златен медал˝ и ˝Бронзен поддржувач˝

Црвен крст на Република Македонија на 12.12.2013 година во 11:00 часот ги додели признанијата ˝Златен медал˝ и ˝Бронзен поддржувач˝ во знак на благодарност на добитниците за остварената плодна соработка и поддршка.

На настанот обраќање имаше г-дин Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија кој истакна во меѓувреме како дополнителен бенефит од таа наша работа успеавме да градиме   институционална ефективност , промовиравме нови партнерства, ја унапредивме адвокативноста и нашата хуманитарна дипломатија , преку активности каде што бевме видени , слушнати и бевме присутни со крајна цел ,помош на луѓето кои имаа потреба од нас.Работењето го подобривме со воведување на новини како што се : заеднички евалуации , консултирање на задоволството на партнерите ,проверка на ефектите од нашата работа кај корисниците , промовиравме нови форми, за истакнување на заедничките активности со компаниите .Истовремено Црвениот крст работеше на нови пристапи за поттикнување на интересот на корпоративниот сектор за поддршка на нашето работење. Исто така се обрати и Анче Труфуновски државен секретар во Министерството за економија на Република Македонија.

Во знак на благодарност за поддршката која ја обезбедуваат нашите партнери за имплементација на општествено социјални проекти и хуманитарни активности, Црвениот крст на РМ втора година доделува признанија Генералниот секретар г-дин Саити официјално ги врачи признанија :

˝Златен медал˝ на г-дин Живко Мукаетов, Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје во знак на благодарност за неговиот сопствен придонес и поддршка во остварување на целите и задачите на Црвениот крст на РМ.

˝Бронзен поддржувач˝ на АЛФА БАНКА, Македонски Телеком, Пивара – АД Скопје и Сава Осигурување АД Скопје во знак на благодарност за остварување на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025