Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Донација на компанијата НОВАРТИС

2016-12-16

Донација на компанијата НОВАРТИС

На 14 октомври 2016 годна во просториите на Црвениот крст на РМ беше организиран  настан за официјално предавање на донацијата од компанијата НОВАРТИС во износ од 82.000 евра во денарска против вредност од  5.039.720 денари, наменета за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Скопје и Тетово. Официјалното примопредавање на донацијата се изврши од страна на д-р Јасминка Талеска, директор на претставништво на Новартис во Скопје и д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на РМ. На настанот присуствуваше и д-р Стамен Попов – регионален директор за Новартис Онкологија за Бугарија и Македонија.

Од страна на генералниот секретар на Црвениот крст на РМ беше изразена голема благодарност на компанијата Новартис за донираните средства за помош на семејствата настрадани од поплавените подрачја. Од страна на Црвениот крст на РМ извршена е уплата на помошта на вкупно 202 семејства од  поплавените подрачја, како и на 100  лица со посебни потреби од поплавените подрачја. Во текот на месец декември ќе биде исплатена втората помош наменета за  100 лица со посебни потреби.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025