Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби

2013-05-25

Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на проектот: „Подобрување   на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ поддржан од страна на Комерцијална банка АД Скопје, во соработка со Заводот за социјални дејности, од 09 до 11 јуни 2013  година во Струга, организираше  едукативна работилница која се одржа во Центарот за кадри на Црвен крст на град Скопје. Целта на работилницата беше да се добијат одредни знаења и вештини за пристап и поддршка на децата и младинците со посебни потреби. На работилницата присуствуваа по четворица волонтери на  Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Прилеп, Кавадарци, Велес, Кичево, Делчево, Дебар и Гостивар. На едукативната работилница присуствуваше и претставник на Комерцијална банка АД Скопје, кој искажа задоволство од партнерството со Црвениот крст во имплементација на активностите наменети за поддршка на децата со посебни потреби. На едукативната работилница беа дадени предлози за идна континуирана соработка и заеднички пристап во решавање на проблемите и потребите на децата и младинците со посебни потреби во дневните центри и децата во згрижувачки семејства.  Исто така беше предложено заедничките средби да  продолжат да се организираат  во континуитет, со цел подигање на нивото на едукација, комуникација и размена на искуства во обезбедување на подобар квалитет на животот на децата и младинците со посебни потреби.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025