Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Курсеви по прва помош

2021-02-11

Курсеви по прва помош

Курс по прва помош за кандидатите за возачи на моторни возила

Црвениот крст на Република Северна Македонија веќе долг временски период одговорно и квалитетно ја изведува наставата за прва помош за кандидати за возачи на моторни возила. Сите општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје реализираат обуки по прва помош за кандидатите за возачи на моторни возила, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  Правилникот за содржините на програмата за обука за постапување во случај на сообраќајна незгода за кандидатите за возачи (Службен весник на РМ бр.31/2008 година)  и Правилникот за организирање на курсна настава и оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода на Црвениот крст на Република Северна Македонија (бр. 0202-1087/1 од 28.12.2020).

ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА E ЕДИНСТВЕНА ОВЛАСТЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КУРСЕВИ ПО ПРВА ПОМОШ ЗА КАНДИДАТИ ЗА ВОЗАЧИ

  • Курснатата настава трае 8 школски часа (360 минути), односно се спроведува во два дена по 4 школски часа.
  • Цена на курсот е 1500,00 денари.

Наставата ја одржуваат предавач и демонстратор кои се сертифицирани од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода. Пред започнување на курсната настава секој кандидат добива Прирачник по прва помош за  кандидати за возачи и по успешно комплетирање на истата се здобива со Уверение за завршена курсна настава по прва помош за кандидати за возачи на моторни возила. Со посета на курсевите по прва помош кандидатите за возачи на моторни возила се стекнуваат со  теоретско знаење и практични вештини за укажување на прва помош која помага во намалување на компликациите од сериозноста на повреди здобиени при сообраќајни незгоди и ги зголемува шансите за преживување.

Курс по прва помош за работни организации 

Секое работно место и  работна организација во која истовремено работат до 20 вработени, најмалку еден од нив мора да биде оспособен и одреден за давање на прва помош. Црвениот крст на Република Северна Македонија Согласно Законот за безбедност и здравје и Правилник за реализација на курсна настава по прва помош за правни лица на Црвениот крст на Република Северна Македонија (бр. 0202-651/14 од 04.07.2018) спроведува 3 типа на курсеви по прва помош за работни организации:

  • Основен курс (6 школски часа– 270 минути ) – Цена 1200,00 денари.

Со овој курс кандидатите се стекнуваат со основни знаења од првата помош корисни за сите граѓани на РСМ.

  • Напреден курс 1 (8 школски часа – 360 минути) – Цена 1600,00 денари.

Со овој курс кандидатите се стекнуваат со  вештини и знаења за првата помош прилагодени според типот на работното место.

  • Напреден курс 2 (13 школски часа– 585 минути ) – Цена 2600,00 денари.

Со овој курс кандидатите се стекнуваат со основни  и специфични вештини и практики од првата помош, наменети според специфичноста на работната организација.

Наставата ја одржуваат предавач и демонстратор кои се сертифицирани од страна на Црвен крст на РСМ за оспособување на правни лица за правилно и навремено пружање на прва помош. Секој кандидат пред започнување на курсната настава добива Прирачник по прва помош на работно место и после успешно завршување на обуката кандидатите добиваат Уверение за завршена курсна настава по прва помош за работни организации.

Курс по прва помош за пловен објект

Согласно Правилникот за начинот на стекнување на знаење за управувач на пловен објект, планот и програмата за полагање испит за стекнување на знаење за управувач на пловен објект и образецот на уверението за стекнатото звање, согласно Министерство за транспорт и врски и Капетанија на пристаништата – Охрид, Црвениот Крст на Република Северна Македонија организира обука по прва помош за пловен објект.

  • Обуката трае 8 школски часа (360 минути). На крајот од обуката, секој кандидат решава тест за проверка на знаењата, со што добива Потврда за успешно завршен курс по прва помош за пловни објекти.
  • Цена на курсот е 1500,00 денари.

Прва помош за различни целни групи

Во зависност од интересот и потребите Црвениот крст на РСМ организира и обуки за прва помош за ралични целни групи, затоа Ве молиме обратете се до најблиската општинска организација на Црвен крст и побарајте повеќе информации….

 

КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ

072/208-529

072/208-456

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025