август 7, 2024

Логистичка помош за гасење на пожар

Согласно планот на Главниот штаб за управување со кризи за ангажирање на сили за 07.08.2024, тим на Црвен крст на РСМ постави 8 тонски танк со вода во с. Богомила, општина Чашка и од него полнат 2 хелихоптери кои го гасат пожарот од воздух. Со полнење од танкот во непосредна близина од пожарот се зголемуваат налетите на хеликоптерите за истурање вода и се добива во времето и ефективноста на делување.

< врати се назад