Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
НАДЕЖ ЗА СЕКОГО

2016-11-02

НАДЕЖ ЗА СЕКОГО

На 31.10.2016- тимот за Воспоставување на семејни врски при ПТЦ ,,Винојуг,, Гевгелија, испрати уште едно семејство кон својата последна дестинација, Германија. Семејство кое по 7 месечно непрекинато борење, надеж, по многу подеми и падежи, успеа да ја оствари својата цел, со поддршка од страна на тимот за Воспоставување на семејни врски како и мобилниот тим при Црвениот крст на Р.Македонија.

Малата убавица, која се роди во нашиот камп, донесе радост и светлина како за нејзиното семејство така и за сите нас. Палавото братче, повторно прозборе по големите прежиевеани трауми кои го одбележаа неговото детство. Но, овој пат искрено се надеваме дека конечно ќе го пронајдат својот мир и ќе им овозможат едно прекрасно детство.

Тимот за Воспоставување на семејни врски при ПТЦ ,,Винојуг,, Гевгелија, неуморно продолжува со својата работа, трудејќи се да ги исполни соништата на лицата и фамилиите кои се одделиле од своите најмили и најблиски со цел да избегаат и најдат мир далеку од секојдневните сурови немири.
За се ова да биде така успешно завршено од исклучителна важност беше неуморната поддршка и работа од страна на нашите преведувачи како дел од мобилните тимови при Црвениот крст на Р.Македонија.

untitled-2

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025