Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Недела на грижа на старите лица

2016-12-16

Недела на грижа на старите лица

Црвениот  крст на Република Македонија оваа година традиционалната ,,Недела на грижа на старите лица,, ја одбележува од 21 до 28 ноември под мотото: ,,Сите сме нивни деца“.  Целта за одбележување на неделата е да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и потребната грижа и помош на старите лица.

Во рамките на Неделата се  организира  акција за бесплатно мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок на 2000 стари лица, за што ЕВН Македонија обезбеди поддршка. Преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот  крст на град Скопје по повод неделата се организираат хуманитарни активности (едукативни, креативни работилници со старите лица, посети на стари лица во нивни домови, бесплатни прегледи и сл, посети во домовите за стари лица, пензионерските домови и др.). Активностите на локално ниво се имплементираат во соработка со општинските  здруженијата на пензионери со кои Црвениот крст на РМ  континуирано остварува добра соработка, како и со центрите за социјална работа и  граѓанските здруженија.

Активностите за подигање на свеста на населението за правата и потребната грижа и помош на старите лица се остваруваат во соработка и поддршка на градот Скопје, ЕВН Македонија, Фондацијата Албиз, Општина Гази Баба, Општина Крива Паланка,  Министерството за труд и социјална политика, Австрискиот црвен крст, како и во соработка со Сојузот на здруженијата на пензионери на РМ.

Црвениот крст со поддршка на  Австрискиот Црвен крст, од 2011 година до денес го имплементира проектот за грижа на стари лица во домашни услови. Во 2012 година со поддршка на градот Скопје отворени се два дневни центри за стари лица и центри за давање помош во домашни услови кои функционираат преку Црвениот крст на град Скопје. Во 2014 година отворен е уште еден дневен центар во соработка со Општина Гази Баба, преку кој се имплементираат активности од страна на општинската организација на Црвен крст Гази Баба. Од 2013 година до денес проектните активности за грижа на старите лица во домашни услови се поддржани и од страна на ЕВН Македонија. Во 2014 година со поддршка на фондацијата Албиз отворен е дневен центар и во Сарај. Со активностите за помош во домашни услови опфатени се вкупно 400 стари лица кои се имплементираат преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Велес, Крива Паланка, Кичево, Дебар и Струга. Вклучени се вкупно 65 волонтери на Црвениот крст кои обезбедуваат  психо – социјална поддршка, и вкупно 65 медицински сестри кои испорачуваат  здравствени услуги на старите лица во домашни услови.

Оваа година во рамките на Регионалниот проект „Преземи акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, Црвениот крст на РМ во партнерство со Хуманост,  формираше мрежа на граѓански организации – ИнклузиваМ за социјална инклузија на старите лица. Вкупно 9 граѓански организации ќе дејствуваат заедно за да се зголеми свеста на јавноста и последователно да се влијае во процесите на донесување одлуки за социјално вклучување на старите лица во земјата.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024