мај 26, 2020

НОВА СОРАБОТКА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ ОД РОШ МАКЕДОНИЈА

Компанијата Рош Македонија во перидот на КОВИД-19(коронавирус) започна нова соработка за поддршка на лицата кои се корисници на онколошка терапија. Од започнување на вонредната состојба во нашата држава, Црвен крст на град Скопје организира транспорт и логистика на онколошка терапија директно до пациентите. Мобилните тимови, преку организационата структура на Црвен крст, стапуваат директно во контакт со пациентите и се врши достава на потребните лекови.
Рош Македонија со финансиска поддршка ја овозможува целосната логистичка организација за сите пациенти на територија на Република Северна Македонија. Соработката е уште еден показател дека изминатите години градење доверба помеѓу институциите дава резултати кога е најпотребно.

< врати се назад