Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР Д-Р САИТ САИТИ

2018-12-25

НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР Д-Р САИТ САИТИ

Почитувани,

Се наоѓаме на истекот на една успешна година исполнета со големи предизвици и бројни активности на нашата организација. Заедно успеавме да го задржиме квалитетот и реномето на нашата организација и како многупати досега да излеземе посилни и побогати со нови искуства и практики кои ги споделуваме во организацијата.

За нас е посебно важно што и покрај бројните предизвици и потешкотии, преку синергија и соработка на нашите структури на локално и национално ниво успевавме да најдеме соодветни решенија и успешно да одговориме на задачите кои беа пред нас како и да се справиме со сите репутациски ризици во тој процес.

Годината пред се ја одбележа нашата професионална грижа и поддршка за сите целни групи a успеавме дел од енергијата да ја насочиме и за надградба на капацитетите на нашата организација, како во делот на материјалните и технички средства така и на планот на обезбедување на обуки за човечките ресурси во текот на целата година.

Исто така, во текот на годината посветено работевме на реализација на традиционалните активности и во соработка со нашите партнери од редот на корпоративниот сектор и јавните институции и граѓанскиот сектор допревме до бројни корисници и задоволивме приоритетни потреби во локалните заедници. Покрај тоа инвестиравме и на подигање на свеста на населението и различни целни групи за значењето на Цревниот крст во државата и различни аспекти од сферата на социјалната и здравствената грижа и подготвеност и дејствување при катастрофи со цел преку нашите адвокативни напори да обезбедиме јавна поддршка и знаење кои ќе помогнат во реализацијата на побезбеден и подостоинствен живот на граѓаните на Република Македонија.

Во овој процес ја уживавме поддршката и соработка со Владата на РМ која е од суштинско значење за успешно функционирање на Црвениот крст во државата.  Не изостанува поддршката на нашите партнери и посебно сме благодарни, пред се на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Меѓународниот Комитет на Црвен крст, ЕУ, национални друштва, амбасади, меѓународни организации, медиумите и поддршката од граѓаните, кои ни помогнаа да ги реализираме зацртаните цели како одговор на приоритетните потреби на целните групи кои ги опслужувавме.

Во таа насока, дозволете ми да ја искористам можноста да Ви се заблагодарам за Вашата континуирана поддршка во 2018 година во процесот на спроведување на нашите заеднички заложби за организациска надградба и континуирано опслужување на корисниците на наши услуги.

На крајот сакам да Ви посакам среќни празници, добро здравје, многу успеси и позитивни резултати во 2019 година. Се надеваме дека нашите годинешни заеднички остварувања ќе бидат потстрек за уште подобри резултати во новата година во сите програмски области на нашата организација. Сакаме да Ве увериме дека како и досега може да сметате на нашата поддршка и дека заедно можеме да стигнеме подалеку и да направиме повеќе.

 

Со почит,

д-р Саит Саити
Генерален секретар

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024