јули 2, 2018

Обука за прва неодложна помош на кадарот во образовните установи

Проект “Намалување на ризици од катастрофи во градинките и основните училишта во Гевгелија, Куманово и Скопје” поддржан од УНИЦЕФ

 

Црвен крст на Република Македонија, во рамките на Програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи, со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, во ноември 2017 година, започна со реализација на проект чија цел е подготовка на образовниот кадар за дејствување во услови на природни катастрофи со цел намалување на ризиците со коишто може да се соочат градинките и основните училишта во Гевгелија, Куманово и Скопје”.

Во рамките на втората фаза од проектот, во организација на Општинските организации на Црвен крст Куманово, Гевгелија и Црвен крст на град Скопје, се спроведоа три обуки ( во период мај/јуни ) за прва неодложна помош наменети за претставници на 11 образовни институции коишто се поддржани со овој проект. На обуките присуствуваа вкупно 33 лица кои преку интерактивни предавања и вежби ги совладаа животоспасувачките вештини. Учесниците на обуките се стекнаа со сертификати за завршена обука за прва помош во работни организации.

< врати се назад