- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и мхпОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2025-02-20
Обука за спасители на вода
Цел на курсот: Обука за спасители на отворени води со цел зголемување на капацитетите на безбедноста на вода на отворени води за ефикасен одговор на потребите од професионален ангажман во текот на летниот период.
Одговорен: Центар за безбедност на отворени води-Охрид при Општинска организација на Црвен крст Охрид
- Детална програма на одржување на теоретската и практична настава на курсот РАСПОРЕД НА ТЕОРЕТСКИ И ПРАКТИЧНИ ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ
Ден 1 |
ООЦК Охрид Состанок со кандидатите за спасители на вода (администрација, запознавање, презентација на агендата) |
Ден 2
|
Состанок: локација Црвен крст Охрид Практичен дел –плажа Гранит Охрид Прелиминарни квалификации на кандидатите за спасители на вода Теоретски дел- ООЦК Охрид – Поим и историјат на безбедност на вода во светски и национални рамки – Вовед во безбедност на вода |
Ден 3 |
Состанок: локација Црвен крст Охрид Теоретски дел :ООЦК Охрид – Опасности и мерки на претпазливост при капење и пливање – Неумеење да се излезе од опасни ситуации и како да се помогне на давеник – Специјални и прирачни средства за спасување и дејствување во и надвор од вода Практичен дел: плажа Гранит Охрид Техники на пливање,нуркање и кондициони тренинзи Теоретски дел : ООЦК Охрид – Техники на пристап и извлекување на пасивен и активен давеник со и без примена на специјално спасително средство Практичен дел –плажа Гранит Охрид -Техники за правилно физичко загревање и влегување во вода – Корекција на пливачки и техники на занурнување – Скокови за безбеден влез во вода (расчекор и скок на глава) |
Ден 4 |
Состанок: локација Црвен крст Охрид Теоретски дел : ООЦК Охрид -Причини за давење – Механизам (фази) на давење Практичен дел: плажа Гранит Охрид Техники на пливање,нуркање и кондициони тренинзи Теоретски дел : ООЦК Охрид – Координација и комуникација со радио – станици – Организирање и обележување на капалиште (зона на спасување/дејствување) -Спасителна верига и начин на координација на комплетен систем за спасување Практичен дел: плажа Гранит Охрид – Правилно изведување на скокови со специјално спасително средство – Техники на користење на специјални спасителни средства за дејствување од брегот (спасителна топка, спасителен круг, спасителна вреќичка) – Безбеден пристап до активен давеник со специјално спасително средство |
Ден 5
|
Состанок: локација Црвен крст Охрид Теоретски дел : ООЦК Охрид Практичен дел: плажа Гранит Охрид – Техники на правилно занурнување, преглед и извлекување на давеник со опрема за нуркање на здив – Практично нуркање -Техники на правилно извлекување и транспорт на давеник/манекен – Напредни техники на координација и спасување со безбеден влез во вода – Техниките на правилно занурнување и пристап до пасивен давеник/манекен |
Ден 6 |
Состанок: локација Црвен крст Охрид Теоретски дел – ООЦК Охрид – Тактичка и техничка подготовка на спасител на вода – Основи на техники и презентација на основна опрема за нуркање на здив – Техники на нуркање Практичен дел: плажа спроти хотел Палас Охрид Техники на пливање, нуркање и кондициони тренинзи – Основни техники на управување на спасителен чамец -Техники за пристап до давеник со помош на спасителен чамец -Комуникација и координација на спасителна акција со спасителен чамец -Комплексни сценарија на организирано спасување на спасителен тим во случај на поголем број на давеници |
Ден 7
|
Состанок: локација Црвен крст Охрид Теоретски дел: ООЦК Охрид – Предавање од областа на психо – социјалната помош и поддршкаООЦК ОХРИД – Вовед во прва неодложна медицинска помош и значење на првата помош во областа на безбедноста на вода – Презентација на содржини специфични за интервенциите по прва помош – Практична примена на техниките по прва помош Практичен дел: плажа Гранит Охрид Техники на пливање и нуркање и кондициони тренинзи – Напредни техники за спасување и дејствување со специјални спасителни средства – Техники на извлекување на давеник на брег |
Ден 8 |
Состанок: локација Црвен крст Охрид Практичен дел: плажа Гранит Охрид Техники на пливање и нуркање и кондициони тренинзи Теоретски дел: ООЦК Охрид Презентација на активности на службата за безбедност на вода (вежби, јавни настани, првенства, камп населби и сл.) – Презентација на фотографии и видео записи од реални случувања – Правни и морални норми и статистички податоци/информации за работата на службата за безбедност на вода Практичен дел: плажа Гранит Охрид – Транспортни зафати по извлекување на давеник од вода – Презентација и демонстрација на ослободителни зафати |
Ден 9 |
Практично полагање од областа на безбедност на вода-Охрид Теоретско полагање од областа на безбедност на вода- ООЦК Охрид |
По завршување на горенаведениот курс кандидатот се стекнува со легитимација за спасител на отворени води со рок од важност од 3 години, со можност за продолжување.
https://www.facebook.com/CKOhrid/videos/1887809628403492?locale=mk_MK
Цел на курсот: Обука за спасители на затворени води и аквапаркови со цел зголемување на капацитетите на безбедноста на вода на затворени води и аквапаркови за ефикасен одговор на потребите од професионален ангажман во текот целата година.
Одговорен: Центар за безбедност на затворени води-Скопје, при Црвен крст на град Скопје
Работен дневник за кандидати за спасители на затворени води и аква паркови во Република Северна Македонија
Прв ден
Состанок со пријавените кандидати пред Олимписки базен. По извршеното запишување за редовност се пристапува кон загревање и влегување во вода. Кандидатите по испливаните 200м за загревање и адаптирање во вода започнуваат да пливаат 50м и да нуркаат минимум 15м за да се квалификуваат за слушатели на курсот .
Втор ден
Состанок со пријавените кандидати пред Олимписки базен. По извршеното запишување за редовност се пристапува кон загревање и влегување во вода. На кандидатите од страна на инструкторите им се презентираат техниките за влегување во вода ( скок со расчекор -спасителен скок,скок на нозе -бомба и скок на раце -класичен влез) како и спасувачките техники за вадење на давеник без специјални спасителни средства( активен и пасивен ).
Трет ден
Состанок со пријавените кандидати пред Олимписки базен. По извршеното запишување за редовност се пристапува кон загревање и влегување во вода. На кандидатите од страна на инструкторите им се презентираат специјалните спасителни средства (бова, туба и спасителен круг) и начини на вадење на давеник со истите,како и вадење на давеникот на раб од базен со техника за вадење.
Четврти ден
Состанок со пријавените кандидати пред Олимписки базен. По извршеното запишување за редовност се пристапува кон загревање и влегување во вода. На кандидатите од страна на инструкторите им се презентираат техниките на ослободителни зафати во случај на контакт со давеник и вадење на давеник од дното на базен со помош на куклата-манекен при што кандидатите
Петти ден
Состанок со пријавените кандидати пред Олимписки базен. По извршеното запишување за редовност се пристапува кон загревање и влегување во вода. Кандидатите имаа повторување на сите предходни презентации и начини на вадење на давеник и припрема за престојното полагање.
Шести ден
Состанок со пријавените кандидати пред Олимписки базен. По извршеното запишување за редовност се пристапува кон загревање и влегување во вода. По извршеното загревање се пристапува кон официјално мерење на резултатите со предходно дефинирани норми и времиња за пливање,нуркање и вадење на давеник .