Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележан 8 Мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвената полумесечина

2022-05-09

Одбележан 8 Мај – Светскиот ден на Црвен крст и Црвената полумесечина

На 8 Mај во Градскиот парк Школка во Скопје беше одбележан Светскиот ден на Црвен крст и Црвената полумесечина во чест на основоположникот на нашето Движење, Анри Динан кој е роден на 8 Mај 1828 година. По тој повод 192 национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ светот организираат активности за да се потсетиме на значењето на основните принципи и вредности на Движењето и да искажеме благодарност и признание до сите наши волонтери и поддржувачи за поддршката која ја обезбедуваат за Црвениот крст. Почнувајќи од денес па до 15 мај традиционално се одбележува и Неделата на Црвениот крст на РСМ со низа активности ширум нашата државата.

Настанот го отвори Претседателот на Црвениот крст на РСМ, проф.д-р Ромел Велев кој истакна: „8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина го одбележуваме под мотото: Биди човечен. Сакаме луѓето да ги потсетиме на една од основните вредности, на значењето на љубезноста, на добрината, на човечноста, на сите оние мали и големи дела кои не прават луѓе и кои прават позитивна разлика во животот на луѓето на кои им е потребна поддршка.Не постои човек кој останува рамнодушен кога некој ќе му покаже љубезност и човечност но исто така секој од нас го исполнува прекрасно чувство кога прави нешто добро за луѓето околу нас.“

Црвениот крст на РСМ исто така изготви и поштенска марка која беше промовирана директорот на АД. Пошта на Северна Македонија Васко Стефанов и кој  изрази големо задоволство од досегашната заедничка соработка помеѓу овие две институции.

По повод 8 Мај од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст д-р Саит Саити беше промовирана кампања на Црвениот крст за промоција на првата помош која ќе се спроведува под мотото “Првата помош спасува живот”. Во рамки на кампањата Црвениот крст ќе спроведe бесплатни обуки по прва помош со кои имаме за цел да опфатиме 25.000 ученици од основни и средни училишта. Истата ќе ја организираме преку нашите општински организации на Црвен крст во целата земја.

Генералнниот секретар на Црвениот крст додаде дека тоа е уште една наша дополнителна амбиција, како Црвен крст, чувствувајќи потреба за дополнително да придонесеме учениците соодветно да се справуваат со ризични ситуации и несреќи. Мислиме дека ќе помогнеме во подобрување на здравствената култура, покажувајќи на добар пример за другите.

На промоцијата на кампањата свое излагање имаше и Министерот за здравство, Д-р.Беким Сали кој истакна дека Министерството е поддржувач на обуката за учениците, опишувајќи го како значаен и хуман проект во кој ќе бидат вклучени  ученици.

Кампањата ја поддржува и министерството за образование и наука од каде државниот секретар на министерството м-р Анета Трпевска ја потенцираше досегашната соработка со Црвениот крст и преку оваа кампања ќе се подигне света кај учениците за почетната грижа за повреденото лице на самото место на несреќата.

Настанот беше од забавно – културен карактер предводен од водителите Сања Савеска и Марко Новески, збогатен со музички настапи, бендот 2Be, Агим Хајрулаху, Билјана Ѓошева, Аqua dance, хорот Поточиња, награден квиз, штандови за едукација за прва помош, рачни изработки од проектот „Хуманко“, цртање на деца од професионални детски шминки, уметничко изразување на децата, маскоти,аниматори и промотивен материјал.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025