Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Недела на млади на ЦКРСМ за 2024 година

2024-10-01

Одбележување на Недела на млади на ЦКРСМ за 2024 година

Хуманоста е мост кој спојува луѓе, идеи и можности. Во овој момент, секој од нас има важна улога – некој ќе учествува во хуманитарни активности, некој ќе го поддржи својот другар, а некој ќе се приклучи само за да биде дел од нашето делување. Но, еден факт е јасен: хуманоста нè обединува во оваа важна недела која ни претстои!

Од 1 до 7 октомври, традиционално ја одбележуваме Неделата на младите на ЦКРСМ под слоганот „Иницирај дела, инспирирај промени – Inico vepra, inspiro ndruyshime“.

Целта на Неделата е промоција на активната улога на младите волонтери на Црвен Крст, кои придонесуваат за ширење на хуманите вредности и позитивни промени во заедницата. Оваа година, ќе реализираме активности за зајакнување и вмрежување на волонтерите, како и како и ќе организираме завршни промотивни настани во 33 градови низ државата.

Преку користење на дигитални алатки и вклучување во живо, младите на Црвен Крст ќе испратат силна порака до своите врсници за важноста на хуманите вредности во одговор на современите предизвици. На настаните ќе се споделуваат инспиративни приказни на волонтерите, кои ќе претставуваат можност за поддршка и идна соработка со релевантни институции и организации.

Што можеме да очекуваме?

Динамични работилници и интерактивни сесии меѓу волонтерите во клубовите на млади

Вмрежување со млади активисти

Промотивни настани и панел дискусии

 

Придружете ни се во одбележувањето на Неделата! Вашето учество е клучно за создавање на позитивни промени во нашата заедница.

Младите на Црвен Крст – Движечка сила на организацијата!

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025