Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања  21-28 февруари 2022 г.

2022-02-18

Одбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања 21-28 февруари 2022 г.

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 21-28 февруари 2022 г. ќе ја одбележи Неделата на борба против срцевосадови заболувања со мотото: “Здраво срце, Среќно срце”.

Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт како во светот така и во Република Северна Македонија. Се проценува дека 17,9 милиони луѓе починале од срцевосадови заболувања во 2019 година, што претставува 32% од сите глобални смртни случаи. Од овие смртни случаи, 85% се должат на срцев и мозочен удар. Во Република Северна Македонија повеќе од 57 % од смртните случаеви се последица на срцевосадовите заболувања.

По повод одбележување на Неделата на борба  против срцевосадови заболувања општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје  ќе организираат едукативни предавања и трибини, мерење на крвен притисок како  и споделување на објави на социјалните мрежи со цел подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремно дијагностицирање на овие болести. Како целна група за овие едукативно превентивни активности ќе бидат опфатени ученици од средни училишта и повозрасните лица како ризична група за развивање на срцевосадови заболувања.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025