Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Недела на хигиенизација

2021-04-08

Одбележување на Недела на хигиенизација

Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија  во периодот од 08 до 15 април 2021 година ќе ja одбележи Неделата на хигиенизација, под мотото “ Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.

Хигиената претставува гранка на здравствените науки која што промовира зачувување на здравјето, превенира инфективни преносливи болести и се залага за хигиенска практика и хигиенско однесување на индивидуата.

Промоцијата на хигиената е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики. Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека 1,7милиони смртни случаи годишно се припишуваат на небезбедна вода, санитација и хигиена. 

Правилната  хигиена на рацете  има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на КОВИД-19 пандемијата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025