Одржано 24-то Генерално собрание на МФЦК
Во периодот 22-25 Октомври во Женева, Швајцарија, се одржа 24-то Генерално собрание на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечин. За време на собранието претставници од 191 национално друштво дискутираа за итните глобални предизвици како што се катастрофите, климатските промени и вооружените конфликти. Низ пленарни и издвоени дискусии, присутните разработуваа приоритети и предизвици со кои се соочува Движењето како и за важни пораки кои треба да се упатат државите потписнички на Женевските конвенции на претстојната Меѓународна конференција. За време на собранието се избраа нови членови на младинската комисија, комисијата за млади, комисијата за усогласеност и медијација, и комисијата за ревизија и ризик. Усвоена беше нова политика за здравство и измени на Уставот на меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, доделени беа награди „Хенри Дејвисон“ за посебни заслуги на 5 номинирани поединци, ревидирана беше имплементацијата на Стратегија 2030 за првите 5 години, и донесен беше буџет на МФЦК за 2025 и 2026 година.
Од Црвен крст на РСМ учествуваше 3-члена делегација во состав др. Лилјана Ристевска – Потпретседател, д-р Саит Саити – Генерален секретар и Владимир Вукелиќ – стручен соработник за меѓународна соработка и развој. За време на Собранието претставниците на ЦКРСМ одржаа билатерални средби за унапредување на соработката со Претседателот на МФЦК г-ѓа Кејт Форбс, претставници на Швајцарскиот и Германскиот Црвен крст. Исто така земаа и активно учествуваа на странични работилници на тема Зајакнување на безбедноста, сигурноста, и добросостојбата на волонтерите на Црвениот крст во време на итни ситуации ин конфликти, Националните друштва како лидери во процесите на опоравување по катастрофи и итни ситуации, и Етика во раководењето и управувањето на организациите на Црвениот крст и Црвената полумесечина.