Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Црвен крст на РСМ – Црвен крст на град Скопје објавува: Оглас за вработување на Психолог/ медицинска сестра

2022-07-05

Црвен крст на РСМ – Црвен крст на град Скопје објавува: Оглас за вработување на Психолог/ медицинска сестра

Ангажманот е во рамките на проектот „„Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE“, поддржан од Европската комисијa.

Црвениот крст е во потрага по вработени лица чија главна одговорност ќе биде пилотирање на сервисот Итно Копче (ИК) на територија на градот Скопје, наменет за 50 постари мажи и жени кои ќе бидат избрани како корисници за новововедената услуга.

Итното копче ќе претставува 24/7 услуга, која корисниците од постарата популација ќе може да ја користат во своите домови, преку притискање на аларм уредот, предвиден да го носат на себе, секогаш кога ќе се најдат во состојба која што не е животозагрозувачка, но е доволно сериозна и има потреба од итност, прва помош и поддршка ( повреда, скршеници на екстремитети, случаен пад, крварење на рана, повреди при изгореници, итни медицински состојби, алергиски реакции и сл.). Преку уредите ќе бидат во можност да стапат во комуникација со Операторите од Контакт центарот, со што ќе добијат брз и ефикасен пристап до соодветна поддршка и помош, од страна на стручни лица и Спасители при Итен Случај на ЦКРСМ. ЦКРСМ ќе воспостави ефикасна услуга за Итно Копче и истата е инспирирана од австриските и швајцарските искуства за ефикасно работење на услугите за грижа на постарото население

  •  Назив на работното место: Психолог/медицинска сестра – работа во 2 смени 08.00- 16.00 / 14.00- 20.00 (понеделник-петок)

Работни задачи:

  • Следење на насоки на Менаџер на ИК и навремено известување
  • Подготовка на распоред за работа во смени заедно со проектен службеник и мониторирање на работни процеси
  • Потпишување на договори со корисници и организирање на инсталација на уреди
  • Водење на евиденција за здравствена состојба на корисник и нејзино тековно ажурирање
  • Теренски активности и проценки во дом кај корисник
  • Тековна работа во софтвер наменет за оваа услуга
  • Комуникација со клиенти
  • Други обврски согласно проектните активности

Квалификации:

  • Универзитетска диплома по психологија или средно медицинско образование (отсек мед.сестра) или висока школа за медицински сестри;
  • Работа во тим и етика на работа;
  • Способности за планирање и организација;
  • Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
  • Сензибилитет за работа со стари лица и лица со попреченост

 

 Искуство во работа со/во невладин сектор и стари лица и лица со попреченост ќе се смета за предност.

Инструкции за аплицирање:

Најдоцна до 11.07.2022 година заинтересираните кандидати треба да достават:

– Детална биографија на skopje.proekti@redcross.org.mk со назнака за работната позиција за која аплицира

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на индивидуално интервју, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025