Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Оглас за вработување

2022-07-06

Оглас за вработување

Црвениот крст на Република Северна Mакедонија е по потрага по Проектен асистент за проекти поддржани од Австриската Агенција за развој и Европската Комисија.

Позицијата подразбира вработување на определено време со 40 часа неделно.

Работно време: Понеделник до Петок : 08.00 до 16.00 часот.

Опис на работни задачи:

  • учествува во подготовка на наративни и финансиски извештаи и реализација на проектните активности
  • подготвува писма, дописи, листи на учесници, покани, агенди,информации, фотографии во согласност со потребите на проектите
  • подготовка на барања за набавка, Услови за работење – ТоР, технички спецификации, на добра/услуги согласно проектните побарувања
  • комуницира со меѓународни и локални партнери и донатори, го известува координаторот и со негова консултација ги превзема следните чекори во однос на имплементацијата на проектните активности;
  • дава поддршка при планирање, подготовка и аплицирање на проекти базирано на организациските потреби;
  • закажува и зема учество во средби и состаноци со релевантни партнери и донесувачи на одлуки на локално и регионално ниво во претходна координација со координаторот;
  • остварува меѓународна комуникација за дејноста и за резултатите го информира координаторот;
  • учествува на обуки, семинари и конференции на локално, регионално и меѓународно ниво;
  • подготвува дневни, неделни, месечни и годишни планови за работа и реализираните активности; 
  • учествува или подготвува самостојно материјали за пошироката јавност во однос на проектните постигнувања
  • врши супервизија на ангажираните консултанти

Потребни квалификации:

Работно искуство: Минимум една година работно искуство во работа со проекти поддржани од меѓународни организации.

Образование : Завршено високо образование од областа на општествените науки (бизнис администрација, маркетинг, менаџмент, јавна администрација, меѓународни односи, правни, политички студии, односи со јавност, социјални студии)

Јазик: Течно говорење и пишување на Англиски јазик.

Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи Microsoft Teams, Zoom.

Други професионални квалификации, способности и вештини:

  • Одлични комуникациски, презентациски и организациски вештини.
  • Способност за стратешко планирање и критичко размислување
  • Способност за добро менаџирање со време, луѓе и рокови
  • Способност за самостојна работа под минимална супервизија ќе се смета за предност.
  • Конзистентност, концизност и темелност во работата.
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација

Почетна нето плата : 30.500,00 денари

Заинтересираните кандидати,на мејл адресите :  tamara.grbevska@redcross.org.mk; stolevska@redcross.org.mk

потребно е да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на англиски јазик
  • Универзитетска диплома за завршено образование
  • Кратко мотивациско писмо, со наведени минимум две професионални референци.

Селектираните кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Огласот трае до 12.07.2022 година до 15 часот.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025