Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Отворен Едукативен тренинг  центар на Црвен крст на Република Северна Mакедонија за обука на возрасни во Скопје

2021-12-07

Отворен Едукативен тренинг центар на Црвен крст на Република Северна Mакедонија за обука на возрасни во Скопје

Црвениот крст на Република Северна Македонија денес го отвори новиот Едукативен тренинг  центар за обука на возрасни во Скопје.  

На отворањето на центарот се обратија генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити и Министерката за образование и наука  г-ѓа Мила Царовска.

Од страна на министерката беше истакнато значењето на отворање на ваков вид на едукативни центри за обука, преку кои се обезбедува  висок квалитет на  учење и можности за стекнување на квалификации во согласност со потребите на населението.

Генералниот секретар за заблагодари на Австриското Минисетрство за социјална работа, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст за обезбедената поддршка во опремување и функционирање на центарот. Особено беше нагласена благодарноста кон Министерството за образование и наука, центарот за образование на возрасните, како и партнерите кои обезбедуваат силна поддршка за развој на посебни верификувани програми на Црвениот крст за  обука на возрасните за стекнување на знаења, вештини и компетенции и создавање на квалитетна и конкурентна работна сила на пазарот на трудот со што се придонесува во зголемување на  вработливоста, а со тоа и придонес во економскиот, општествениот и личниот развој.

Во досегашниот период започнувајќи од 2017 година, преку Црвениот крст  обучени се вкупно 750 невработени лица кои се стекнале со сертификат за соодветна квалификација. Со зголемен број на едуцирани кадри се зголемуваат можностите да се опфати поголем број на граѓани кои ќе добиваат соодветна нега и помош во своите домови и во заедницата. Од друга страна пак ќе се влијае на  неколку општествени придобивки – можност лицата кои се невработени да се стекнат со квалификација  и да бидат по конкурентни на пазарот на труд, придобивки за вработување  на ранливото население, и особено, со испорака на квалитетни социјални  услуги ќе се влијае на  подобрување на здравјето и добросостојбата на граѓаните во заедниците.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025