Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК, 13.12.2017 година

2017-12-13

ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК, 13.12.2017 година

Почитуван г-дин Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа,

Почитувани претставници на корпоративниот сектор,

Најнапред дозволете ми да се заблагодарам за Вашето присуство на Партнерскиот состанок кој Црвениот крст на Република Македонија го организира по осми пат. Посебна благодарност на покровителот на овој настан Пивара Скопје, со која компанија Црвениот крст остварува долгогодишна соработка и поддршка во имплементација  на хуманитарни активности.

Примарна цел на овој настан е да се претстават хуманитарните вредности и капацитети на Црвениот крст за поттикнување на стратешки партнерства за имплементација на заеднички социјално корисни општествени програми.

Соработката со владините институции, граѓанскиот сектор, меѓународни организации и агенции, стопанските комори, како и соработката со  корпоративниот  сектор,  е еден од главните приоритети на Црвениот крст, која придонесува за партнерско дејствување и преземање на заеднички иницијативи за надминување на проблемите со кои се соочува населението во заедниците.

Ваквата соработка придонесе да се реализираат голем број на проекти со поддршка на владините институции и бизнис секторот со кои беа опфатени голем број на ранливи целни групи население. Со реализацијата на овие проекти Црвениот крст придонесе во поттикнување на општествена одговорност на компаниите за вложување во подобрување на животот во заедницата.

Изминативе години имавме привилегија да соработуваме и спроведуваме заеднички иницијативи со над триесеттина компании што овозможи да излеземе во пресрет на над десетина илјади корисници на услуги на годишно ниво.

Денес важноста на корпоративната поддршка во националното друштво е се позначајна и има тенденција да се зголемува, бидејќи корпоративниот сектор инвестира во програми за општествена одговорност и бара силни организации и брендови за партнер. Сепак, трендот е дека компаниите покрај финансиската поддршка на проектни иницијативи, споделуваат експертизи, и  ги охрабруваат вработените да волонтираат. Тоа пак придонесува за додадена вредност во имплементацијата на голем број проекти на Црвениот крст со активно  учество на вработените од компаниите, со што се јакне свеста на вработените, но и на нивните семејства за  потребата од вложување за подобрување на животот во заедницата, како потврда за нивната социјална одговорност.

Црвениот крст на Република Македонија има потенцијал да расте во оваа област бидејќи можностите за партнерство кои ги задоволуваат овие параметри може да се создадат за речиси сите теми и целни групи. Имајќи го ова во предвид Црвениот крст постојано вложува во надградба на своите капацитети за поефективно да се координираат, следат, имплементираат и евалуираат зедничките иницијативи со партнерите.

Размената на знаења и ресурси, како и придонесот на искуствата на Црвениот крст и партнерите го поттикнуваат развојот на иновативни решенија кои генерираат економски можности, создаваат ефикасни работни методи и ја унапредуваат стратешката визија за соработка. Од особена важност е да се истакне дека соработката помеѓу Црвениот крст и партнерите  приоднесува подобро да се разберат проблемите со кои се соочува населението во заедниците, да се обезбеди подобар пристап до решенијата и да се евидентираат конкретни резултати.

Како и во секој однос со партнерите, транспарентноста и отчетноста се
основата за негување на релациите и зацврстување на меѓусебните врски. Црвениот крст на РМ во оваа насока особено става акцент на транспарнетно и отчетно работење кон партнерите и јавноста за секоја обезбедена поддршка.

Почитувани,

Дозволете ми во оваа прилика да се заблагодарам на  владините институции  за досегашната соработка и поддршка  во остварување на  активностите на Црвениот крст на Република Македонија, како и за вклученоста на организацијата во креирање, следење и имплементирање  на национални стратегии од интерес на граѓаните

Исто така благодарност на стопанските комори во земјата кои претставуваат мост за спојување  на  хуманитарните иницијативи на Црвениот крст со можностите кои  ги нуди бизнис секторот за подобрување  на животот на населението во заедниците. Се надеваме  оваа соработка ќе продолжи, и истата ќе се продлабочува и зацврстува.

Голема благодарност до компаниите кои обезбедија поддршка за имплементација на проекти и прогамски активности на Црвениот крст, како компании кои во нивното деловно работење  ја препознаваат општествената одговорност како една од нивните стратешки определби, за што се надеваме дека истата ќе проддолжи и ќе се развива во наредниот период.

Дозволете ми на крај да се заблагодарам за Вашето присуство и уште еднаш да го искажам задоволството од досегашната соработка со Црвениот крст. Се надевам овој настан ќе побуди интерес и за нови партнерства и можности за поддршка на проекти за заеднички општествен придонес.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025