Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Планирање, мониторинг и евалуација

2024-11-06

Планирање, мониторинг и евалуација

Планирањето, мониторингот и евалуацијата се тесно поврзани процеси кои влијаат на севкупниот развој на организацијата. Преку мониторингот на нашите активности на систематизиран начин ги собираме, анализираме и користиме информациите поврзани со напредокот на нашите програми кон постигнување на зацртаните цели. Преку редовната евалуација вршиме процена на нашите активности, проекти, програми, стратегии, политики и севкупните остварени резултати на локално и национално ниво. Наодите од овие процеси ги користиме за нашите краткорочни и долгорочни планирања со цел да ја придвижуваме нашата организација во посакуваната насока. Овие алатки ни се исто така посебно важни за следење на успешноста на нашите интегрални единици и да ги трасираме следните чекори на патот кон успешно трансформирано и модерно национално друштво.

Информациите кои се собираат преку мониторингот и евалуацијата им обезбедуваат на раководните структури јасна основа за носење на правилни одлуки и обезбедување поголема транспарентност и отчетност во однос на употребата на ресурси во имплементацијата на проекти и програми.

Преку редовно следење на напредокот и идентификување на слабите страни се подобруваат и проектните и програмските перформанси, се подобрува планирањето и подготвувањето на идни програми кога се имаат предвид научените искуства од минатото. Унапредениот и стандардизиран систем за планирање, мониторинг и евалуација е предуслов за зголемување на степенот на ефикасност, отчетност и транспарентност на организацијата.

Нашата организација се издвојува како едно од водечките национални друштва во Движењето кое низ годините има инвестирано големи напори во интегрирање на планирањето, мониторингот и евалуацијата во секојдневната работа. Континуирано се стремиме кон уште понапреден и стандардизиран пристап за планирање, мониторинг и евалуација, подобрување на квалитетот на процесите и модернизирање на алатките за следење на перформансите во работата во Централната канцеларија и во Општинските организации.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024