Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

2023-02-08

Помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Република Турција и Сириската Арапска Република на 6 февруари 2023 година однесе над 9.500 човечки животи и над 37.000 повредени лица и уништени над 6.200 станбени објекти. За жал овие стравични бројки постојано се менуваат и не се конечни.

Изразувајќи ја нашата солидарност со граѓаните на Турција и Сирија, Црвениот крст на РСМ веднаш ги контактираше Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина со цел да се детектираат можности за обезбедување на наша поддршка за овие две наши блиски партнерски организации со кои соработуваме долги години.

Црвениот крст на РСМ во координација со одговорните чинители во Република Северна Македонија веднаш презеде иницијални чекори за обезбедување на хуманитарна поддршка за настраданото население од земјотресот преку објавување на апел за мобилизирање на финансиска поддршка за погоденото население.  На наше големо задоволство може со сигурност да кажеме дека граѓаните на Република Северна Македонија и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело. Заклучно со 07.02.2023 година преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 6.467.192 денари. Вкупно собрани се 9.830.992 денари. Исто така Црвениот крст на РСМ од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња.

Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува и понатаму да ја следи ситуацијата во Турција и Сирија. Во соработка со нашите партнери во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина и одговорните институции во државата, Црвениот крст ќе продолжи да ги координира и мобилизира хуманитарните напори на граѓаните, компаниите и други институции со цел да се обезбеди солидарна поддршка за погоденото население од земјотресот во Турција и Сирија.

Во координација со Амбасада на Република Турција во РСМ договорено е во наредниот период активностите да бидат насочени кон собирање хуманитарна помош во финансиски средства. Ги поддржуваме напорите и активностите кои се однесуваат на донирање на материјална помош од фирми и компании. Помалите донации и иницијативи на граѓаните добро е да се пренасочат во собирање финансиски средства, не во материјални добра бидејќи царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош. Со цел да бидеме поефикасни и подиректни и побрзи во помошта преферираме сите активности заедно да ги координираме и да ги насочиме во правец на мотивирање на граѓаните и населението да донираат парични средства. Собраните пари по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои знаат како на најдобар начин може да се покријат хуманитарните потреби на своите граѓаните.

Ви благодариме за досегашната соработка и ве повикуваме на понатамошна соработка и проактивност.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025