Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета на делегација на Баварски Црвен крст

2019-05-16

Посета на делегација на Баварски Црвен крст

На 15.05.2019 Црвениот крст на Македонија беше посетен од петочлена делегација на Германски Црвен крст од регионот Баварија. Делегацијата ја предводеше г.дин Гернот Јунгбауер, директор на канцеларијата за Горна и Средна Франкија. Делегацијата беше примена од генералниот секретар на Црвен крст на Македонија, д-р Саит Саити.

Во разговорите генералниот секретар Саити ја претстави работата на Црвениот крст на Република Македонија, сервисите кои ги обезбедува националното друштво во државата, формите на финансирање и клучните активности на организацијата. Исто така стана збор за досегашната соработка со Германскиот Црвен крст со акцент на билатералната соработка на општинските организации на Црвен крст на Македонија со општински организации на Црвен крст од Баварија. Беше дискутирана можност и за воспоставување на соработка и на други дополнителни општински организации на Црвен крст од Германија и Македонија.

Гостите од Германија ги презентираа активностите на нивните општински организации на Црвен крст, со посебен осврт на здравствените активности кои ги обезбедуваат за помош и поддршка на стари лица, првата помош, крводарителство, безбедност на вода и планина и други активности кои ги обезбедува Германскиот Црвен крст.

Беше изразено задоволство од досегашната соработка и можности за имплементирање на заеднички проекти и иницијативи во претстојниот период.  

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024