Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Посета на делегација од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во Црвен крст на РМ

2017-09-01

Посета на делегација од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во Црвен крст на РМ

Делегација од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во состав од: г-дин Сајмон Мисири, регионален директор на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина за Европа, и Мете Петерсон, раководителот на регионалниот кластер се во тридневна посета на Република Македонија во период од 30ти Август до 1ви Септември 2017 година.

За време на престојот остварени се средби во централната канцеларија на Црвениот крст на РМ со Генералниот секретар на Црвен крст на РМ, д-р Саит Саити и стручната служба на Црвениот крст на РМ, во Црвениот крст во општинската организација во Охрид со претседателот на Црвениот крст во Охрид г-дин Сашо Точков, во Министерство за внатрешни работи со министерот г-дин Оливер Спасовски и во Црвениот крст на град Скопје со секретарот на Црвениот крст на град Скопје, г-ѓа Сузана Тунева Пауновска. Делегацијата, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, д-р Саит Саити го посетија Дневниот центар за дарување на крв “Даре Џамбаз“, Дневниот центар за стари лица, пунктот за бездомници и логистичкиот центар на Црвениот крст на РМ.

За време на посетата во централната канцеларија на Црвениот крст на РМ, на 1ви Септември 2017 година, беше дискутирано за целокупоното функционирање на Националното друштво како и за функционирањето на соодветните програми во областите на здравствено превентивната дејност, социјално хуманитарната дејност, подготвеноста и дејствувањето при катастрофи, менаџментот со волонтери и меѓународната соработка на Националното друштво.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025