Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Потпишан меморандум со Црвен крст на Албанија

2024-06-24

Потпишан меморандум со Црвен крст на Албанија

На 21.06.2024 година во просториите на Црвениот крст на Албанија во Тирана, Претседателот на Црвениот крст на РСМ проф.д-р Ромел Велев и Претседателот на Црвениот крст на Албанија г-дин Ylli Alushi потпишаа меморандум за соработка со цел да се регулираат взаемните односи за соработка и партнерски односи. Организациите се заложија за стратешко партнерство во своите напори за зајакнување на институционалните капацитети на двете национални друштва со цел да се обезбеди подобра поддршка за најранливото население.

За време на настанот се одржа и средба на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити и Генералниот секретар на Црвениот крст на Албанија г-дин Artur Katuci кои ги договорија активностите.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025