Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ НА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ И ЦЕЛОСНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА СОФТВЕР И УСЛУГА НА ИТНО КОПЧЕ ВО ЦКРСМ

2021-08-12

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ НА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ И ЦЕЛОСНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА СОФТВЕР И УСЛУГА НА ИТНО КОПЧЕ ВО ЦКРСМ

Наслов на проектот: Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвениот крст на Република Северна Македонија (ЦКРСМ), поддржан од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст, Швајцарски Црвен крст, Црвен крст на Република Северна Македонија.

Општа цел: Набавка на техничка опрема за воспоставување и целосна функционалност на софтвер и услуга на Итно копче во ЦКРСМ

Краен рок за прибирање на понуди: 20.08.2021 година

Преглед: Црвениот крст на Република Северна Македонија воспоставува иновативен социјален модел за постарата популација за нега и поддршка во домашни услуги преку воспоставување на услугата Итно копче на територија на град Скопје. За целосно функционалност на софтверското решение, ЦКРСМ објавува повик за прибирање на понуди за набавка на техничка опрема потребна за успешно имплементирање на сервисот Итно копче.

ПОНУДИТЕ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СЛЕДНИТЕ СТАВКИ НА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА:

Артикли  Спецификација  количина
Сервер App сервер за rack (16 GB RAM, single socket CPU)
Storage дискови, 2 x 4TB SATA, dual PSU)
1
NAS storage NAS уред за чување на разговорите од VoIP
централата со 2 x 6TB HDD (RAID1) наменети за
употреба во NAS
1
Непрекинато напојување
(UPS) 3000VA/2700W
(UPS) 3000VA/2700W 2
Balancing router Микротик Рутер со балансирање на сообраќајот (Mikrotik CCR) 1
Рутер за remote локација
(канцеларија)
Рутер за SSTP VPN конекција со главниот рутер
(HEXs)
1
Switch 24 port/1Gbps + 2 SFP+ Mikrotik Switch 1
Додатна опрема за rack Ожичување, панел за кабли 1
VoIP централа за контакт
центар и конекција со
сервер
Телефонска централа со IP PBX карактеристики 1
VoIP телефони

IP уреди со екран за гласовна комуникација преку
интернет протокол

Поддржуваат мин. 2 SIP профили и 3 или 4 мултифунционални линии

5
Teltonika LTE router Fallback LTE – link router 1
Телевизор со Raspberry-Pi Raspberry-Pi За приказ на повици со локации (плус RaspberryPI 4) 1
Камери за мониторинг Комплет од 4 камери + DVR за мониторинг на главната локација 1
Комплет од 4 камери + DVR за мониторинг на главната локација GSM gateway адаптер за 2 SIM картички  
Монтажа, имплементација, инсталација Комплетно инсталирање, имплементирање, монтирање на целата опрема на две локации (главна зграда на ЦКРСМ и втора локација Оперативен центар (Момин поток, Скопје) 1

Средствата се обезбедени преку деловно партнерство на Австриска Агенција за Развој, Австриски Црвен Крст, Швајцарски Црвен Крст и Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Проект е ослободен од сите давачки и даноци, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ).

КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА:
Заинтересираните ентите поребно е да достават понуди според следните ставки:
– Финансиска понуда за бараното добро, по ставка ( без вклучен ДДВ)
– Детални технички спецификации на побараните добра
– Тековна состојба на добавувачот не постара од шест месеци;
– Копија од документи од Централен регистар на РСМ дека добавувачот не е во стечајна постапка, ликвидација, и сл.
– Наведен рок на испорака, монтажа и инсталација ( не повеќе од 60 дена од склучување на договор) со вклучително наведена гаранција на набавените добра од техничката опрема.

Понудите треба да бидат испратени по електронски пат на е-маил адресата: komisijazanabavki@redcross.org.mk со наслов на тема: Повик за техничка опрема за итно копче, или преку пошта адресирано до ЦКРСМ – Комисија за набавки. Бул. Кочо Рацин бр.13, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

Плаќањето ќе биде извршено од страна на ЦКРСМ, најдоцна до 14 дена по целосна испорака во Црвениот крст на Република Северна Македонија.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025