Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

2024-07-23

ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

Црвениот крст на Република Северна Македонија е активно вклучен во операцијата со справувањето со пожарите во државата и преку своите мобилните тимови на Црвениот крст на РСМ и понатаму активно е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.

При теренските активности беа дистрибуирани вкупно 10 тона вода за силите кои гасат во зафатените региони со пожари а се поделија 20.000 флаери за заштита од шумски пожари како и промоција на социјалните мрежи.

 

Поставени се танкови –  системи за полнење на хеликоптери со вода кој го скратува времето за гасење пожар со вкупен капацитет од 25.000 литри со постојано надополнување, опслужувани од тимови од Црвен крст на РСМ и тимови од локалните самоуправи во соодветните региони.

Направени се проценки на терен со дрон во реонот на планина Серта-штипско. Набавена стокови резерви и ставени на располагање (вода, храна). По барање на  АРСМ-Винг, од страна на ЦКРСМ обезбедено е теренско возило со возач, за транспорт на навигаторите на хеликоптерите и авионите кои гасат пожари, локација територија на општина Битола, Росоман, Чашка.

При теренските активности вклучени се 150 волонтери и вработени.

Психолошка поддршка: Црвениот крст на РСМ отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите. ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст. Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува благосостојбата на граѓаните. Отворените телефонски линии се поделени на региони и општини.

 

Отворени телефонски линии за прва психолошка помош:

 

  • Скопски регион (Центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка) 072/271-048
  • Пелагониски регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен) 047 / 236-019
  • Југозападен и полошки регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга, Охрид) 072 / 239-051 и 072 / 239-077
  • Источен, североисточен и југоисточен регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш) 071/223-691
  • Вардарски регион (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија) 043/231537

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025