Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Претседателот Пендаровски во посета на Црвениот крст

2022-07-06

Претседателот Пендаровски во посета на Црвениот крст

Претседателот на РСМ Стево Пендаровски денеска присуствуваше на седница на Раководниот одбор на Црвениот крст на Република Северна Македонија, на која се дискутираше за развојот на волонтерството во земјата и беше презентиран процесот „Трансформација 28“, како развојна рамка на организацијата во наредниот петгодишен период.

Претседателот Пендаровски беше информиран со тековните активности на Црвениот крст, за нивните препораки со цел унапредување на законските решенија во однос на волонтерството, како и за неопходноста од изноѓање на нови, креативни форми и содржини со цел поттикнување и мобилизирање на волонтерите.

Претседателот истакна дека е важно да се задржи нивото на мотивација кај волонтерите и во периоди кога не се соочуваме со кризни ситуации, како што беше случај со пандемијата, потенцирајќи дека нема подобра мотивација за поттик на волонтерството од давањето на практични и лични примери. Воедно, посочи на важноста и користа од застапеност на различни генерациски структури во волонтерските редови.  Тој уште еднаш изрази благодарност до сите волонтери за нивната пожртвуваност и посветеност, охрабрувајќи ги и понатаму да продолжат да придонесуваат за добросостојбата во нашето општество и во интерес на целните групи кои ги опслужуваат.

Во разговорот со членовите на Раководниот одбор, претседателот го поздрави процесот „Трансформација 28“, посочувајќи дека истиот претставува исчекор во развојот, делувањето и прилагодувањето на Црвениот крст, со цел ефикасно и прогресивно функционирање и соодветно и навремено задоволување на потребите на заедницата.

Генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити, изрази благодарност до претседателот Пендаровски на соработката и континуираната поддршката на активностите на организацијата, како и за неговиот ангажман за имплементација на хуманитарните заложби на Црвен крст на Република Северна Македонија.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025