Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Превземени активности  за намалување на ризици од топлотни бранови и пожари на отворен простор

2024-07-23

Превземени активности за намалување на ризици од топлотни бранови и пожари на отворен простор

ТОПЛОТЕН БРАН

Во однос на одговор при топлотни бранови Црвениот крст на РСМ  спроведуваа активности на терен преку мобилните патроли со дистрибуција на вода и информативни флаери за заштита од топлото време. Спроведуваа и акции на виталните функции на стари и изнемоштени граѓани, укажува прва помош, транспорт со климатизирани возила до најблиската медицинска установа или до домот на лице во ризик. Овие активности најчесто се изведуваат на најфрекфентните места во градовите.

Исто така, редовно се објавуваат информации на социјалните мрежи и средствата за јавни информирање за опасноста од топлотниот бран и директно изложување на луѓето под сончевите зраци и се делат флаери со содржина за заштита од високите температури. Претставници од Црвениот крст редовно гостуваат во контактни емисии за подигање на свеста за заштита од топлотни бранови.

При теренските активности вклучени се 150 волонтери и вработени и беа дистрибуирани вкупно 12 тона вода на граѓаните, 20.000 флаери со совети за превенција од топлотен бран, додека од страна на екипите за прва помош беа извршени 800 интервенции врз граѓани кои имаа потреба од помош.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025