Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПРОМОЦИЈА НА 15-ТЕ КАНДИДАТИ КОИ ЈА ПОМИНАА ОБУКАТА ЗА НЕГУВАТЕЛИ

2021-04-01

ПРОМОЦИЈА НА 15-ТЕ КАНДИДАТИ КОИ ЈА ПОМИНАА ОБУКАТА ЗА НЕГУВАТЕЛИ

Во рамки на  проектот за ублажување и надминување на економските и психолошки последици предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, финансиран од Business & Strategies in Europe – B&S in Europe, Црвениот крст на Република Северна Македонија организира настан за промоција на 15-те обучени и сертифицирани негуватели за нега на стари лица и лица со попреченост.

Настанот ќе се одржи на 02.04.2021 година преку ZOOM платформата, со почеток во 12 часот.

На настанот сертифицираните негуватели ќе имаат можност за споделување на своите лични искуства (од мотивот за аплицирање , поддршката, обуката и очекувања), како и стекнатите знаења и зајакнати работни способности.

За време на настанот обраќање ќе имаат претставници – вработени од Црвениот крст, како и ќе се претстават услугите за нега и помош на стари лица кои се развиваат во ЦКРСМ.

За цел поуспешно интегрирање и инкорпорирање сертифицираните негуватели на пазарот на труд, поканети се и ќе завземат учество и претставниците од Центрите и Домови за сместување, грижа и подобрување на квалитетот на живеење на старите лица. ‘’

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024