Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПРОМОЦИЈА НА ПЛАТФОРМА ЗА СОРАБОТКА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ СО ВЛАСТИТЕ ВО ДРЖАВАТА

2024-11-07

ПРОМОЦИЈА НА ПЛАТФОРМА ЗА СОРАБОТКА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ СО ВЛАСТИТЕ ВО ДРЖАВАТА

Денес на 06.11.2024 година Црвениот крст на РСМ организираше свечен настан во хотел Стоун Бриџ, Скопје за промоција на новата Платформа за соработка на Црвениот крст на РСМ со властите во државата.

Настанот се одржа под покровителство на Министерот за внатрешни работи на Владата, г.дин Панче Тошковски кој во воведното обраќање го апострофираше значењето на организацијата на Црвениот крст како вршител на помошната улога на властите во државата особено при итни состојби и катастрофи.

На настанот се обрати и г.дин Љупчо Димовски, Заменик Претседател на Владата и Министер за политички систем кој изрази подготвеност во името на Владата за поддршка на иницијативите на Црвениот крст за обезбедување на предуслови и поддршка за воспоставување на поефикасен систем за одговор на кризни состојби во државата.

За значењето на партнерската соработка со властите и Платформата на Црвениот крст на РСМ воведно обраќање имаше д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на РСМ кој нагласи неколку можни области на соработка  на Црвениот крст со властите во државата како сфери во кои Црвениот крст има компаративни предности и компетенции да даде своја додадена вредност на севкупните напори на државата во обезбедување на ефикасен одговор при кризни состојби и катастрофи.

Исто така, Проф. д-р Никола Дујовски од Факултетот за безбедност – Скопје подетално ја претстави севкупната содржина на Платформата и нејзиното значење во системот за кризен менаџмент од аспект на придонесот на Црвениот крст во повеќе клучни области.

На присутните им се обрати и генерал д-р Павле Арсоски, пратеник и Претседател на Комисијата за одбрана и безбедност кој особено го истакна значењето на организацијата на Црвениот крст во изминатите неколку децении давајќи краток осврт за улогата и придонесот на Црвениот крст во кризните состојби во овој период.

Свое кратко обраќање имаше и г.дин Габриеле Андреоли, почесен претседател на Институтот за напредни студии и соработка од Ватикан, кој искажа позитивни импресии од соработката со Црвениот крст на РСМ и значењето и придонесот на Црвениот крст во справувањето со хуманитарни предизвици во глобални рамки.

На настанот присуствува голем број пратеници од Собранието на РСМ, министри во Владата, претставници од универзитети ширум нашата земја, меѓународни организации и вработени и волонтери од Црвениот крст на РСМ.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025