Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Проценка на капацитетите на Црвен крст Дебар

2024-04-22

Проценка на капацитетите на Црвен крст Дебар

Од 19-20 април се реализираше Проценка на организациските капацитети на Општинската организација (ПОКОО) во Црвен крст Дебар. 11 члена од организацијата, вработени, волонтери, претставници на раководен одбор преку свое искуство имаа можност да дадат свој придонес за идентификација на важни области во кои треба да има напредок и развој на Општинската организација со цел креирање на силна организација.
Се подготви развоен план за период од една година преку кој ќе се постигне подобрување и поголема вклученост на заедницата во креирање на планови и активности согласно потребите на истите.
Честитки до сите вклучени од Општинска организација на Црвен крст Дебар за успешно спроведување на процесот.
Инаку ПОКОО или Branch organizational capacities assessment (BOCA) претставува инструмент развиен од Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, кој има за цел преку структуриран начин да овозможи самопроцена на Општинската организација за 34 организациски области во работењето, да се препознае нивото на кое се наоѓа во контекст на овие области, да утврди приоритети за развој за наредната година и подготви план за развој на Општинската организација.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2024